Луо Јонг, чувар во Chongqing Wild Zoo – Кина, случајно открил дека волците имаат слух. Во една прилика пеел и ја свирел “I Am A Wolf From The North” (Јас сум волк од северот). Еден млад волк љубопитно ја кренал главата и гледал во него. Одеднаш почнал да завива во ритам и дури со шепите тапкал по жиците. Откога ја открил нивната љубов спрема музиката, се посветил на тренирање на говорот на волците. Сега сите 30 волци од зоолошката градина пеат пратејќи го ритамот.
-Планирам да пронајдам некој кој ќе напише песна само за нив. Исто така,би сакал да ги научи некој да играат-изјавил Луо.