На 15 километри од Охрид на патот за Битола, во подножјето на селото Куратица се наоѓа рибникот – ресторан „Рајска долина“. Исклучително живописно место каде, кое трпеливо се уредува веќе неколку години, за денес да изгледа неверојатно привлечно.

Сместенo во раскошна природа, покрај Голема Река (Коселска), ова место плени со амбиентот кој го разубавуваат две езерца во кои се одгледува автохтона охридска пастрмка, крап и подмладок на речна пастрмка.

Околу езерцата има шест летниковци и ресторан каде се служат исклучиво специјалитети од риба по неверојатно прифатливи цени и добра услуга. Сето тоа надополнето со свеж планински воздух и звуци од природата опкружена со вода.

За најмладите изграден е детски парк со најразлични забавни реквизити и табла за пинг понг, но на дечињата ништо понеинтересна не им е и прошетката покрај езерцата околу кои трчкаат зајаци и шетаат патки.

Доколку уживате во природа и рибни специјалитети и сакате мир, откријте ја охридската „Рајска долина“ која е отворена за посетители од пладне до вечер.

OhridNews