Зошто се оддалечуваме од традиционалниот начин на исхарана, како да се храниме и ослабнеме здраво, како да ги заштитиме очите во студените месеци, какви се последиците од преголема изложеност на интернет, што ни кажува јазикот за нашето здравје… Овие и уште многу други актуелни теми донесува најновото издание на специјализираниот магазин за здравје и современ живот „Наше Здравје“ на аптекарскиот бренд „Виа Фарм“, кој деновиве излезе од печат.

Убаво е чувството кога гледаме дека „Наше здравје“ прерасна во магазин кој едуцира, советува, превенира и помага. Опстојуваме и натаму на стандардите што ги поставивме од самиот почеток, нашата читателска публика постојано се зголемува, а се зголемува и бројот на нашите соработници – медицински стручни лица кои посветено и несебично ги споделуваат своите знаења и придонесуваат во напорите да имаме поквалитетен живот без болести, болки и страдања. Ќе направиме сѐ, и во 2018 година, да останеме на нивото на поставената задача. Ветуваме еднакво квалитетни содржини од признаени стручни лица, силна посветеност, квалитет и уште повисоки стандарди. Ова го правиме затоа што, како одговорни личности, сакаме да дадеме свој придонес во насока на натамошно јакнење на вкупните здравствени станарди во нашата земја. – вели главниот уредник на магазинот „Наше Здравје“ м-р фарм. Марица Угриновска Баткоска.

Бесплатниот магазин „Наше здравје“ може да се најде во аптеките „Виа Фарм“ во Охрид, Струга, Вевчани и Лабуништа, во Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ во Охрид и други препознатливи места во регионот и пошироко.

OhridNews