Научниците веруваат дека конечно ја решиле дилемата зоштоз ебрите имаат црно-бели пруги, која биолозите ги мачи откако Чарлс Дарвин ја извел теоријата за еволуцијата, и дошле до заклучок дека тие на тој начин се бранат од мувите, кои пренесуваат паразити и предизвикуваат разни болести. Досега постоеле пет различни теории, од таа дека станува збор за заштита со камуфлажа, преку нагаѓања дека со пругите зебрите ја регулираат телесната температура, до тврдењата дека истите им служат за друштвена интеракција. Научниците од универзитот Калифорнија ги анализирале сите постоечки теории и заклучиле дека зебрите со пругите се штитат од муви. Според тоа толкување, зебрите еволуциски ги развиле пругите како би се одбраниле од несаканиот налет на мувите кои пренесуваат паразити и така предизвикуваат болести.

Научниците дошле на идеја да анализираат примероци од пругите на седум врсти животни, на кои им припаѓаат коњите, магарињата и зебрите, и нивните 20 подврсти. Сите тие животни на телото имаат шари кои се разликуваат по обликот. Потоа интензитетот и распоредот на тие пруги бил спореден со различни податоци, распоредот на билниот свет на местата на кои живеат тие животни, врстите глабливци кои ги напаѓаат, како и врстите инсекти кои ги каснуваат. На крајот е заклучено дека, статистички гледано, најјасна е поврзаноста помеѓу изразените пруги и подрачјата на кои се најактивни паразитите. Иако американските биолози сега тврдат дека во голема мера се сигурни во оваа теорија, не е даден одговор зошто мувите ги избгнуваат пругите.