Поп пејачката Ријана освен по својот феноменален глас, позната е и по провокативните фотографии кои секојдневно ги објавува на социјалните мрежи, а на кои понекогаш позира потполно гола. Извори блиски до пејачката наведуваат дека главна причина за тоа е нејзината нетрпеливост кон долната облека, па поради тоа одбегнува да ја носи.

Изворот навел дека таа во една прилика рекла дека се чувствува потполно слободна само кога е целосно гола. Според неименуваниот извор, Ријана наводно сака да оди на терапија како би престанала да се чувствува заробено додека носи долна облека. Во едно интервју рекла дека почнала да се облекува женствено дури кога го прелистала првото модно списание, а претходно носела само фармерки и патики.