Кинеските археолози откриле нов облик на примитивно писмо во знаци на камен во ископините на истокот на Кина, за кое веруваат дека е старо 5000 години. Иако мислењата се поделени околу тоа дали овие цртежи одговараат на зборови или претставуваат некакви симболи, кинеските научници се сложуваат дека откритието ќе помогне во расветлувањето на потеклото на кинескиот јазик и култура.

Досега најстариот запис на кинески, пронајден на животински коски, датирал од пред 3600 години, од времето на династијата Шанг. Како што пренеле агенциите, повеќе од 200 делови со врежани симболи биле пронајдени за време на ископувањата, извршени во периодот од 2003 до 2006 година во археолошко наоѓалиште од неолитското време, јужно од Шангај.