Кинеската зоолошка градина примила животно со необичен изглед кое никој не успеал да го идентификува. Со нос кој потсетува на оној на глодарите, но и долги шилести шепи, бело крзно прошарано со кафена и портокалова боја, ова животно било многу уникатно.


Во зоолошката градина во Венлинг која животното  го добила од анонимен човек, не успеале да пронајдат вид на кој ова животно би можело да му припадне. Некои мислат дека станува збор за  чуден вид мајмуни, додека други не се согласуваат со тоа. Зоолозите сега го пратат неговиот развој и се надеваат дека ќе израсне во нешто повеќе препознатливо.