Славниот производител на долна облека, Викторија Сикрет, најпосле откри кој ќе настапува на спектакуларното шоу во Лондон. Првото шоу кое ќе се одржи надвор од САД, публиката ќе има можност да го гледа на крајот на оваа година, а покрај најубавите жени на светот, гостите ќе уживаат и во настапите на најбараните поп ѕвезди на денешнината. Станува збор за Ариана Гранде, Ед Ширан и Тејлор Свифт, на која ова ќе и биде второ појавување на шоу на овој бренд.
Тејлор минатата година блескала во костум со американско знаме на пистата на која чекореле секси ангелите во своите комплетчиња, а фановите нагаѓаат дека оваа година може и да изведе дует со Ед. на пистата оваа година ќе чекорат прекрасните Џордан Дан, Џозефин Скривер, Шанина Шаик, Адриана Лима, Дацен Крос, Алесандра Амбросио, Кендис Свонпул, Барбара Фиалхо, Карли Клос, Бехати Принслу, Брегје Хеинен, Синди Бруна, Девон Виндсдор, Елса Хоск, Енико Михалик, Џамина Тукс, Мауд Велцен, Кели Гејл, Лили Олдриџ, Моника Јагачиак, Бланка Падила, Даниела Брага и Роме Стријид. Малку „поскромните“ места чинат 10 илјади фунти, додека оние кои сакаат да одат и на афтер парти ќе мораат да платат по 12 илјади фунти за билет.