Користејќи ги неговите коски научниците успеаа да го дефинираат лицето кое го имал Ј.С. Бах. Стручњаците дигитално го обновиле лицето на големиот германски композитор и тврдат дека резултатот што го добиле ќе биде изненадувачки за некои негови обожаватели.

Новото Бахово лице,кое го направи шкотската антропологистка Каролина Вилкинсон, ке се изложи во музејот Баххаус во германскиот град Еиснах, родното место на големиот композитор.


новото лице на Бах

„За поголем број луге Бах е старец со перика, но тоа е стилизирана слика, бидејќи непостои ниту еден негов реалистичен портрет“ – рекол Јорг Хансен, управникот на музејот.

Познато е дека се изразувал со телото, играл, удирал со ногата додека свирел, пеел. Бил многу динамичен, а во оваа реконструкција тоа може да се види – заклучил Хансен.

Баховите коски за прв пат послужиле како пример за неговиот лик во 1994 година кога послужиле за изработка на негова биста. Но и таа воглавно била заснована од портретот. Современите критичари за неа рекоа дека е толку неточна и дека исто така би можела да го претставува, да речеме, Хендел.


досегашното лице на Бах

„Не е толку битно да знаеме како изгледал, бидејќи Бах го сакаме поради неговата музика, затоа луѓето и доаќаат во музејот, но исто така ги интересира како изгледал“ – заклучува Хенсен