Археолози и конзерватори од музеите од Охрид и Струга при ископувања спроведени на локалитети во Долна Преспа  во близина на селото Тугенец откриле уникатни записи на византиско нотно писмо.

Гоце Ангелечин – Жура, советник и конзерватор од Музејот во Охрид во изјавата дадена за Радио Охрид, што ја пренесе МИА, појасни дека при теренски истражувања спроведени во април на локалитети  во регионот на Мала Преспа во близина на пештерска црква се откриени византиски нотни записи, во музикологијата познати како „невми“.

Според Жура, станува збор за раритетен епиграфски споменик пишуван на византиско нотно писмо невми, единствен за охридско преспанскиот и пошироко за балканскиот регион.

Тој потсети дека ова црковно пеење е познато и потекнува од времето на Светите Климент и Наум, оттаму што во нивните житија тие наведуваат дека своите ученици ги учеле на „псламопение“ односно црковно пеење.

ohridnews