Научници тврдат дека откриле три планети во зона која е населива, што ги зголемува можностите за наоѓање светови како Земјата на кои би постоеле одговарачки услови за живот.

Околу „блиската“ ѕвезда Gliese 667C орбитираат најмалку шест планети од кои три на оддалеченост на која би можела да постои вода на нив, што би било, предуслов за постоење живот, објавија научниците во САД: – Порано беше утврдено дека околу ѕвездата Gliese 667C постојат три планети од кои една се наоѓа во таканаречената „населбена зона“ во која температурите може да допуштат постоење течна вода на површината. Таа планета и нејзините две новооткриени роднини се поголеми од Земјата, но се помали од Нептун, велат научниците.

– Ова е првпат во таа зона во ист состав да се воочени три такви планети“, вели астрономот Пол Батлер од вашингтонскиот институт „Карнеги“.

Според научниците, откривањето на три планети во ист состав, со услови погодни за живеење како Земјата, ги зголемува шансите за наоѓање и други такви планети, со услови за развој на живот.

Дополнителните набљудувања на Глиесе 667C и поновите анализи покажаа дека таа има најверојатно шест или седум планети. Ѕвездата e размерно блиску до Земјата, на само 22 светлосни години, односно оддалечена е 207 билиони километри. Ѕвездата е од прилика голема колку една третина од Сонцето и е најбледа во системот во кој има три ѕвезди.

Покрај трите добро сместени „Супер-Земји“, можно е да има уште две планети кои орбитираат на работ на населивиот појас и кои се погодни за живот.

OhridNews
Makfaks