Нуркачкиот центар “АКВАТЕК” Охрид и Здружението за екологија и туризам “ЕКОТУРИЗАМ-2016”, Охрид, изведоа подводни активности за разоткривање на тајните на Белчишкото блато.
Најголемото блатно езерце “Сино Дувло” крие многу природни особености кои допрва треба детално да се проучат. Со нуркањето е утврдено присуство на бројни подводни карстни извори кои го хранат со вода, речиси исти како Светинаумските извори од езерцето формирано од истекот на Црн Дрим. Богатството со вода е надополнето со рибна фауна, а од снимките се препознаваат јата кленови. Низ шуплините од камењата има мали рипчина – писи и голема концентрација на мали ракчиња.- истакнуваат реализаторите на проектот.
Измерената длабочина во Белчишкото блато е околу 4 метри, а вишокот вода се прелева во евловата шума која доминира во блатото и е најголема по површина во нашата држава. За жал, како и во Охридското Езеро, и од Сино Дувло извадивме дел од човечката неодговорност – една метална рамка од велосипед. Своето место ќе си го најде како сувенир во нашата колекција, вели екипата која го реализираше истражувањето на подводниот свет на Сини вирови.
Уживајте низ слики и подводна снимка.
Галерија:
OhridNews