Во полициското соопштение се наведува дека вчера во СВР Охрид било повикано лицето М.К. роден 1993 година како и уште четири други лица на 13 годишна возраст, сите од Охрид, ученици во седмото одделение во истото училиште.
-По извршените разговори со нив, одземени им се четири спрејови за пишување во различни бои, кои ги купиле непосредно пред извршувањето на вандалскиот чин.Тие се товарат дека на фасадата, прозорите и бетонските површини во училиштето испишале погрдни и навредливи содржини како и дека нацртале недолични слики, соопшти полицијата.
Како што веќе објавивме, ноќта помеѓу саботата и неделата во ОУ „Св. Климент Охридски“ беа исцртани кукасти крстови и други неонацистички и сатанистички симболи, како и други вулгарни пораки. Со брза интервенција на одговорните, непристојните натписи беа пребојадисани со бела боја. Покрај раководството на училиштето и Советот на родители, настанот го осуди и целокупната охридска јавност.