Идентификувани се лицата што ги наведувале малолетничките на секс со повеќе лица од Кочани, Куманово, Струмица и Штип.
Станува збор за 20. годишната М.Г. и 23. годишната Д.Ј., двете од Штип, кои во периодот од јануари до јули годинава во повеќе наврати им организирале средби и такси превоз и ги наведувале девојчињата на полови дејствија со повеќе лица. За извршените услуги им давале пари во износ од 1.000 до 5.000 денари.
Сводничките задржувале поголем дел од парите, а помал дел им давале на осмоодделенките, но имало случаи кога и воопшто не ги исплаќале девојчињата. Услугите ги вршеле во угостителски објекти, во патнички возила или во станови на пријавените лица.
Во сексуалниот скандал со малолетничките се идентификувани 39. годишниот А.Т. од Кочани, 49. годишниот М.М. и 32. годишниот В.Ј. од Куманово, како и и 43. годишниот М.Ш. од Штип.
Против нив е поднесена кривична пријава за „Полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“ и сите се предадени за натамошна постапка.
извор: МВР