При испитувањето на теренот во рамки на подготовката на проектот за реставрација на црквата Св. Богородица  Перивлепта откриени се подземни води кои претставуваат опасност за комплексот, но и неискористен потенцијал.

– Со проектот се планира зафаќање на подземните води со цел да се отстрани опасноста од понатамошно оштетување на комплексот, а се разгледува и можноста за нивно искористување, ни изјави Антонио Балески од Секторот за туризам и локален економски развој. Тој заедно со претстaвници на Заводот и Музеј Охрид, Управата за заштита на културното наследство и на Дебарско – кичевската епархија работеше на подготовката на проектот за заштита на црквата Св. Богородица Перивлепта, кој ќе се реализира со средства од меѓународни фондови.

Црквата Св. Богородица Перивлепта која се смета за врвни дело на византиската архитектура ја изградил војсководецот Прогон Згур во 1295 година. Особено е значајна поради уникатните фрески насликани од врвните мајстори Михаил и Евтихиј Астрапа од Солун, кои поради оштетувањата на покривот и фасадата се во многу лоша состојба.Со Проектот покрај заштита на фрескоживописот и архитектурата на црквата се предвидува и заживување на  целокупниот комплекс.

Ohridnews