Натписот на грчки јазик потврдува дека останките на светецот се негови. Инаку, археолошките истражувања на бугарскиот остров започнале во 1985 година.
Професорот Казимир Попоконстатинов археолог изјавил дека улогата и значењето на откритието има еднакво значење за сите христијани, објавуваат бугарските медиуми.
“Тоа се вечни и чудесни останки кои останале на земјата за наша духовна корист. Останките на Св. Јован Крстител ќе останат во Созопол. Убеден сум дека ова ќе биде светло за сите верници“, рекол Попоконстатинов.