Научиниците идентификувале околу 1500 нови врсти во океаните, меѓу кои има грбави делфини и големи медузи. Експертите наброиле вкупно 228.450 морски врсти во светот, од морски треви до синиот кит, а се проценува дека сеуште не се познати од половина до два милиони повеќеклеточни организми. Јан Мес, копретседател на Светскиот регистар на морски врсти, истакнува дека морските длабочини се слабо истражени и дека многу од видовите ќе исчезнат пред да бидат откриени, пред се поради глобалното затоплување и „киселењето“ на океаните.
Мес, директор на фландрискиот поморски институт, вели дека потрагата за „сина биотехнологија“ на дното на океанот околу вулканите може да допринесе за развој на материјали отпорни на топлина и отрови. Во 2014 година откриени се точно 1451 морска врста, по четири на ден. Меѓу нив се и австралискиот грбав делфин, јужноафриканската шкампа, како и австралиската огромна и отровна медуза без краци, долга околу половина метар. Откако проектите започнале во 2008 година, откриени се околу 1000 нови видови риба.