Курт Кобен во 1994 година се самоубил така што си пукал во главата. Како што се приближува годишнината од неговата смрт, полицијата повторно го отворила случајот бидејќи претпоставиле како обожавателите ќе поставуваат прашања. Полицијата од Сиетл го отворила досието со доказите и фотографиите. Заклучиле дека нема нови информации за неговото самоубиство. Од досието развиле неколку фотографии, а објавени се само две.

На едната од нив има кутија за прибор за конзумирање дрога, лажица, нешто налик на игла, половина цигаре и очила за сонце. Другата фотографија ја покажува истата кутија која е затворена, пари и паричник од кој е видлива идентификациска исправа. Пејачот пред да се самоубие истото се обидел да го строри и претходно истатата година во Рим со земање на прекумерна количина средства за смирување. Иако некои веруваат дека тој е убиен, полицијата повторно ги демантирала тие наводи и го заклучила случајот.