Во текот на минатата недела, царинските службеници на граничниот премин Ќафасан откриле 6.000 евра, при личен претрес на македонски државјанин, кој управувајќи македонски автомобил се пријавил за излез од државата.
Патникот пријавил дека со себе носи 3.700 евра за кои не поседувал документ за потекло, но при извршената контрола, во мала рачна чанта биле пронајдени 9.700 евра. Согласно законските прописи на патникот му се вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, а за остатокот од пријавените девизи во износ од 1.700 евра, му било наложено да ги врати во Република Македонија.
Против прекршителите Царинската управа поведе прекршочна постапка.
OhridNews