Во Велика Британија била пронајдена жена која може да види 99 милиони бои повеќе од просечниот човек, пренесуваат медиумите. Неа, по 20 години потрага за лица со супервид, ја пронашла лекарката Габриел Џордан од универзитетот во Бирмингем. Жената е прва позната со тетрахроматски вид, што значи дека има четири видови фоторецепторски ќелии во мрежницата на окото.
Луѓето главно имаат трихроамтски вид, бидејќи човечкото око најчесто поседува три видови од овие ќелии кои служат за перцепција на боите. Сепак, иако се знае дека постојат лица кои имаат четири такви ќелии, немаат сите таква способност. Лекарката Џордан и нејзиниот тим пронашле неколку такви жени. Тие биле подлегнати на тестови во кои им биле прикажани три обоени кругови, чија разлика во боите можел да ја забележи само „вистински тетрахромат“. На тестовите разликата ја забележала само една жена. Многу е возможно да постојат уште такви лица кои не се свесни дека нивниот вид се разликува.