На свеченоста, како што е најавено, директорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман ќе открие вредна реликвија од Христо Узунов.
Станува збор за неоткриена реликвија која фрла ново светло врз историското минато на Охрид од периодот на Илинденското востание. Оваа успешно чувана тајна ќе биде откриена токму во предвечерјето на големиот национален празник – Илинден.