Археолозите на локалитет во Јужна Ерменија, во близина на границата со Иран, ја откриле до сега најстарата винарија, основана перд шест илјади години. Тоа ја прави за 1000 години постара од претходниот рекордер. Причината за добрата сочуваност лежи во фактот што плафонот на пештерата во која била сместена паднал и така ја прекрил и заштитил до денешен ден.
Пронајдени биле и остатоци од вино кое било Мерлот или Каберне Шевињон. Археолозите веруваат дека грозјето се газело и дека исцедената течност се ставала во посебни садови каде вриела. Ова е всушност истата технологија која се користела во Европа и САД се до втората половина на 19 век.