Фитнес тренерот Марко Боргес, кој се грижи за совршениот изглед на Бијонсе, вели дека дивата секојдневно работи на својот изглед. тој вели дека таа само доаѓа, го одработува тренингот најдобро што може и продолжува со секојдневните обврски. Била многу дисциплинирана и никогаш не се жалела. Таа е тип на личност која секогаш бара оптимален успех и само сака да биде здрава.

Токму Марко е оној кој најдобро го познава нејзиното тело бидејќи работи со неа неколку години. Тој ја советувал да почне да трча по раѓањето на ќерката Блу Ајви во 2012 година како би ги отстранила вишокот килограми. Тој и препорачал и по еден вегетаријански оброк во денот кој би и осигурал доволно овошје и зеленчук за здрав организам.