Легендарно чудовиште или само безопасна геолошка активност? Ова прашање уште еднаш се нашло во центарот на интересирањето на научниците откако на површина испливала уште една интересна теорија за чудовиштето од езерото Лох Нес, популарното Неси. Италијанскиот геолог Луиџи Пикарди тврди дека чудовиштето од Лох Нес не е ништо друго туку меурчиња кои се последица од сеизмички активности.

Теориите за чудовиштето започнале уште во шестиот век, а легендата вели дека се појавувало секогаш кога би се затресла земјата под едно од најголемите езера во Велика Британија. Сепак, теоријата на Пикарди наишла на бројни критики на обожавателите на Неси меѓу кои се истакнал Гери Кембел, претседателот на клубот на обожаватели на чудовиштето од Лох Нес. Тој изјавил дека голем број лица кои го виделе Неси тврдат дека виделе глава или грб. Доколку се земе се во предвид, според него во езерото дефинитвно се наоѓало нешто физичко.