Стоунхенџ добил уште една научна теорија за настанувањето и намената. Според најновата теорија, Стоунхенџ бил изграден во знак на помирување на завојуваните британски племиња. Камените столбови ги симболизирале предците на различните кланови и фармерски семејства кои пред крајот на каменото доба често биле во судир.

Научниците ја посматрале структурата на Стоунхенџ, но и работната сила која била потребна за носење и обработка на огромните камени столбови. Професорот Мајк Паркер Персон од универзитетот во Шефилд смета дека тоа бил голем потфат за кој биле потребни илјадници луѓе кои ги посетувале, обработувале и подигнувале камењата, што самото по себе е чин на обединување.