Американските истражувачи успеале да ја откријат тајната на Рубиковата коцка, која го привлекува вниманието на љубителите на мисловни игри полни три децении. Според математичарите до факултетот Кентли, за да се реши Рубиковата коцка потребни се најмногу 20 потези.


Некогаш се сметало дека за тоа се потребни 18 потези, но биле пронајдени ситуации во кои тоа не било возможно. Проверка била вршена на сто илјади почетни позиции и се дошло до заклучок дека сите се решливи со најмногу 20 потези. Имено толку е потребно да од 43 трилиони можни комбинации се дојде до вистинскиот пат до решението, со тоа што за некои позиции доволни се и 15 потези.