Полусестрата на пејачката од Барбадос, Кенди, одлучила да излезе од илегала и на медиумите им раскажала дека таа е вонбрачна ќерка на таткото на Ријана, Роналд, и дека веќе со години одржува контакти со нив. Кенди со воодушевување зборува за Ријана и вели дека уште како девојче била многу забавна.


Таткото Роналд го запознала така што отишла во неговиот дом и едноставно му рекла дека таа е негова ќерка. По првобитниот шок, била прифатена од целото семејство. Вели дека одржува контакти со Ријана, а нејзините ќерки уживале во фактот дека нивната тетка е една од најпознатите пејачки на светот.