Океанографите откриле нова врста риба на рекордна длабочина од 8145 метри. Рибата има проѕирни пераи кои изгледаат како крила, опашка како јагула и глава која потсетува на кучешка муцка од цртаните филмови, рекол др. Алан Џејмисон од одделот за океанографија од универзитетот Абердин во Шкотска. Тие риби живеат во потполна темнина и на температура која е близу смрзнување.
Џејмисон додал како мислат дека тоа е риба полжав, но изгледала многу чудно. Суштеството со бизарен изглед, кое е ново за науката, снимено е на 8145 метри под морето и го надминало претходниот рекорд со речиси 500 метри. Уште неколку други врсти риби исто така биле снимени, како и огромни ракови наречени суперџинови, а откриени се во текот на меѓународна експедиција во Маријанската бразда во Тихиот Океан.