Професорот Џек Дамбацер од калифорниската академија на науките, открил птица во Папуа Нова Гвинеја која користи отров кога ќе се најде во некаква опасност. Ова е прв документиран случај за некоја птица која користи отров како би се заштитила од некои потенцијални напаѓачи, а Дамбацер изјавил дека ја откриле сосема случајно.
Кога се обидувал да ја извади птицата од гнездото, го изгребала со остриот клун. Многу го заболело, па ја ставил раката во устата и ја лижнал раната. Тогаш устата му натекла и чувствувал силна болка. Дури кога истото му се случило на уште еден од истражувачите почнале да размислуваат, а локалните жители им рекле дека птиците се отровни.