Иако својата веридба долго ја одложувале, Бред Пит и Анџелина Џоли пред еден месец објавиле дека ќе се венчаат. И додека сите мислеле дека своето судбоносно да ќе го кажат поради децата, постои уште една причина поради која ќе застанат пред олтарот. Да ја запроси Анџелина, на Бред не го натерала само љубовта.
Познатиот актер стравувал дека на неговата партнерка би можело нешто да и се случи во борбата против јужноамериканските нарко босови во која актерката наскоро ќе тргне заедно со Обединетите Нации. Бред поради тоа сакал врската да ја круниса со брак пред Анџелина да замине во опасната мисија. Познатиот пар во врска е веќе седум години и имаат шест деца.