Астрономите ја откриле првата планета која потекнува од некоја друга галаксија, а не од нашиот Млечен Пат. Планетата слична на Јупитер е дел од системот ѕвезди кој некогаш и припаѓал на една мала галаксија, а станала дел од Млечниот Пат бидејќи истиот ја проголтал оваа мала галаксија.
Планетата од земјата е оддалечена 2000 светлосни години, а се наоѓа во соѕвездието Форнакс, кое е видливо од јужната полутопка на Земјата. Планетата е откриена со помош на огромниот телескоп кој е поставен на планините во Чиле.