Новата планета е далеку погуста од сите досега познати и се состои воглавно од јаглен. Научниците пресметале дека поради големата густина, јагленот би морал да биде во облик на кристал, што би значело дека голем дел од овој необичен свет е сочинет од дијаманти.
„Еволуцијата на планетата и нејзината изненадувачка густина сугерираат дека таа е огромен дијамант“.
Планетата е оддалечена од Земјата 4 000 светлосни години и најверојатно е остаток од некогашна голема ѕвезда.
Планетата-дијамант е со иста големина како Јупитер, но 20 пати погуста, наведуваат научниците. Покрај јагленот кој доминира, на планетата има и кислород, но само на површината и во мали слоеви. Но, сепак не знаат како навистина изгледа оваа планета. “За нејзиниот изглед можеме само да шпекулираме. Мислам дека не се работи за некој блескав објект“, изјавил Бен Стаперс од универзитетот во Манчестер.