Планета која кружи околу 42 светлосни години оддалечената звезда ГЈ1214, и која е досега најслична на Земјата, била откриена во рамки на програмата MEarth. Научниците велат дека планетата по својот состав е нешто помеѓу Земјата, Уран и Нептун. На таа планета, чиј пречник е за 2,7 пати поголем од земјата, а има тежина 6,6 пати поголема од нашата планета, површинската температура е околу 200 степени целзиусови, што е за една третина повеќе од температурата која можат да ја издржат најотпорните микроорганизми.


Новооткриената планета се состои од длабоки океани на тврдата кора, а на неа се наоѓаат исти елементи како и на Земјата, кислород, водород, јаглерод, хелиум, мегнезиум и слично. Иако нејзината ѕвезда е за 3000 пати послаба од сонцето, многу е поблизу, па затоа температурата е толку висока. Откриена е со обичен телескоп, што значи дека секој со сличен телескоп или добра камера може да ја забележи.