Европските астрономи откриле 50 нови планети зад нашиот Сончев систем, од кои 16 потсетуваат на Земјата. Ова е најголем број такви планети откриени истовремено. Најголемата планета која ја пронашле е три пати потешка од земјата и од нас е оддалечема 36 светлосни години и се наоѓа во соѕвездието Вела.
Тоа е само една од неколкуте нови планети кои се наоѓаат во окружувањето за кое научниците веруваат дека има вода, па е можно на нив да има и живот. Овие планети, од кои некои имаат маса иста како земјата, а други се и по десет пати потешки, посебно се интересни за астрономите бидејќи веруваат како на нив би можел да се развива живот кој би бил полесен отколку на нашата планета.