Откако со бројни обиди не успеал да ја врати сопругата Паула Патон назад, се чини дека Робин Тик се откажал и пронашол нова занимација во животот. Според американските таблоиди, славниот пејач утеха пронашол во заводливата манекенка Ејприл Лав Гери.

 

Имено, американското списание „TMZ“ направило анализа на фотографија која познатата манекенка ја објавила на својот Твитер профил со фотографии од куќата во која живее Робин. Менекенката, која пред неколку месеци изјавила дека има 19 години, во последниве неколку месеци објавува фотографии од куќа која многу веројатно му припаѓа на Робин.