Новата врста е наречена Laquintasaura Venezuela, бидејќи остатоците се пронајдени во Ла Куинта Форматион во Венецуела. Научниците тврдат дека станува збор за прва нова врста диносауруси пронајдена на подрачјето на Јужна Америка. експертите веруваат дека новооткриениот диносаурус живеел во времето на Тријасот и дека се движеле во помали групи, што ги чини први диносауруси од родот ‘ornithischia’ кои имале социјални контакти. По големината на коските која достигнува само еден метар, се претпоставува дека биле со големина на просечно куче и дека биле сродни со Стегосаурот и Игуанодомот.
Анализите на фосилот покажуваат дека умреле помеѓу третата и дванаесеттата година од животот и дека оделе на двете задни нозе. Се хранеле воглавно со билки, но нивните заби сугерираат дека можеи се хранеле со инсекти или некој друг плен. Пелеонтлогот Пол Берет рекол дека секогаш е возбудливо да се откријат нови врсти, но во овој случај откриле многу изненадувачки занимливости. Оваа врста диносауруси живеела набрзо после големото изумирање на крајот на тријасот пред речиси 201 милион години. Професорот Марсело Санчез-Вилагра, палеонтолог при универзитетот во Цирих, додал дека оваа новооткриена врста игра клучна улога во нашето разбирање на еволуцијата, не само на оваа група диносауруси, туку и на диносаурусите во целина.