После речиси 100 години од последното откритие, научниците откриле нова врста речен делфин. новата врста е пронајдена во Бразил, во реката Арагуаиа, па соодносно на тоа делфинот добил име Арагуаиа бото. Доктор Томас Хрбек од Федералниот Универзитет на Амазонија рекол дека тоа било нешто неочекувано, тоа било подрачје на кое луѓето ги гледале постојано бидејќи тие се големи цицачи, ни проблемот бил во тоа што никој не гледал внимателно.

Генетските истражувања наведуваат дека оваа врста се разделила од останатите пред два милиони години, а најслична била на својот амазонски роднина познат како розе делфин. Правите речни делфини се една од најретките и најзагрозени врсти животни. Претходно откриената врста од 1918 година била Кинески баи, врста за која се верува дека изумрела во 2006 година. Три од претходно четирите познати врсти се на пописот најзагрозени видови и им се заканува изумирање. Се проценува дека останале вкупно 1000 Арагуаиа делфини, па затоа научниците напоменуваат дека и оваа врста треба да се стави на црвената листа животни на кои им се заканува изумирање.