Научниците од Универзитетот во Орегон сосема случајно дошле до открити на новата нијанса на сината боја, објавија медиумите.
Хемичарот Мас Субраманијан и неговиот тим „налетале“ на боја која ја нарекле „јинмин сина“ и тоа врз основа на елементите што ја сочинуваат. Тие измешале црн манган оксид со други хемикалии на повеќе од 2.000 степени Целзиусови, а една од мешавините направени на тој начин, имала „јасна и жива“ сина боја.
Пигментот сега е усовршен и ќе биде користен за правење премази и бои.
–Новиот пигмент е формиран благодарение на единствена кристална стуркура која им овозможува на јоните на манганот да апсорбираат црвени и зелени бранови должини на светлината, а да рефлектираат само сини. Бојата е стабилна дури и во масло и вода и не бледее, велат научниците во официјалниот извештај.
Новиот пигмент е целосно безопасен и не е токсичен ни за животните, ни за луѓето.
OhridNews