“Ros 128b” е името на новата егзопланета на која е можно да има живот, соопшти Европската јужна опсерваторија. Таа од Земјата е одалечена 11 светлосни години.

По големина “Ros 128b” е слична на нашата планета. Таму годината трае пократко од десет дена, бидејќи планетата се наоѓа блиску до својата ѕвезда и има кратка орбита, а се движи 20 пати отколку Земјата околу Сонцето. Според астрономите оваа планета има добри услови за живот. Иако е блиску до својата ѕвезда таа добива само 1,38 пати повеќе зрачење од неа во однос на Земјата, а астрономите проценуваат дека температурата на “Ros 128b” варира помеѓу -60 и 20 степени Целзиусови.

Едната страна од планета трајно е свртена кон матичната ѕвезда, а другата е во целосен мрак, поради што астрономите не се сигурни дали таква планета би можела да биде населена.

OhridNews