Нова вид диносаурус со големина на мачка, кој бил опишан како неверојатна мешавина на птица, лилјак и бодликаво прасе, била откриена меѓу фосилните остатоци во Јужна Африка. Палеонтологот од универзитетот во Чикаго, Пол Дерено, кој го објавил ова откритие во средата, во едно интервју рекол дека овој мал диносаурус го открил уште во 1983 година. Тој рекол дека наишол на ова откритие уште додека бил студент и правел истражувања на Харвард, и дека веднаш бил свесен дека се работи за нов вид, но тогаш одлучил да се посвети на некои амбициозни проекти, па приказната за овој диносаурус морала да почека.


Диносаурусот со необичен изглед живеел пред 200 до 300 милиони години, имал тежина на домашна мачка, а висината му била само 30 сантиметри. Имал силна вилица, тап клун и изразени заби во форма на бодежи.