Вселенското летало на НАСА, Кеплер, открило планета црна како јаглен оддалечена 750 светлосни години од Сонцето, наречена TrES-2b. Нaучниците откриле дека оваа гасовита планета пропушта помалку од еден процент од сончевата светлина, што ја прави најтемната планета пронајдена досега. Дејвид Кипинг, водечкиот астроном, изјавил дека е неверојатно колку планетата е темна и колку е непозната во однос на се останато во Сончевиот систем.


Потемна била од најтемниот јаглен. Можно било да е толку црна поради некој хемиски елемент кој сеуште не е откриен. Но, оваа планета не е целосно црна, туку поради својата голема топлина, поголема од 980 целзиусови степени емитирала црвен сјај. Ова откритие покажало дека нашиот Сончев систем не е онаков каков што некогаш го замислувавме, туку дека е полн со необични и разновидни светови кои ја исполнуваат нашата галаксија.