Астрономите открија планета во настанување надвор од Сончевиот систем, која можно е да биде помлада од 2000 години.
Топка од прашина и гас, која со тек на време ќе се развие во гигантска планета како Јупитер, е забележана во орбитата на ѕвездата ХЛ Тау, објавија британски научници.
Лидерот на проектот доктор Џејн Гревис кажала дека развојот на планетата е можеби поттикнат од проаѓањето на една млада ѕвезда низ овој систем пред 1600 години.
Деталите за откривањето се претставени на состанокот на британското национално астрономско здружение во Белфаст.
Планетата е откриена за време на набљудување на дискот од гас и карпести парчиња во околината на ѕвездата ХЛ Тау, која е помлада од 100 000 години.
Доктор Гревис од шкотскиот универзитет Св. Ендрјус изјавила дека откривањето на планета во настанување во толку млад ѕвезден систем е големо изненадување.
„Тоа не беше она по што трагавме, и бевме зачудени кога ја откривме. Другата најмлада планета која ја знаеме е стара 10 милиони години“, кажува Гревис.