Екипа астрономи открија огромна и непозната група галаксии, коишто се наоѓаат на речиси седум милијарди светлосни години од Земјата.Галаксиите се откриени во опсерваториите во Чиле и Јапонија.
Европската јужна опсерваторија во Чиле идентификуваше десетици групи галаксии, од кои секоја е десет пати поголема од Млечниот пат – галаксијата во која се наоѓа и нашата планета.
Експертите тврдат дека за прв пат се набљудува толку далечна група галаксии, коишто се наоѓаат во друга вселена.