Мегапопуларната пејачка и глумица, Џенифер Лопез не случајно е една од најубавите жени во светот. Таа екстремно многу внимание посветува на својот изглед и имиџ така што опсесивно се труди да не се појави пред јавноста два пати со исто парче облека или накит. За да биде што посигурна дека нема да и се случи да облече нешто што го носела на некој претходен настап, снимање или друг јавен настан, таа ги има обележано своите парчиња облека со бар кодови кои се внесени во базата податоци на нејзиниот комјутер. Така детално е внесено кога, каде и со што била облечена.
Анонимен извор за весникот „NEW YORK daily news“ изјавил дека ги видел баркодовите на нејзините чевли и ја прашал дали се украдени или позајмени. ЏејЛо му одговорила дека на цела нејзина облека има баркодови за полесно да може да се снајде со сета облека што ја има во Њујорк и Лос Анџелес и да не и се случи два пати да носи исто на себе.
-Модата ја разбира многу сериозно. Таа е опседната со тоа и затоа многу е внимателна во пристапот кон облеката и како изгледа пред камерите. – рекол изворот.