Двајца мексикански археолози ја откриле кујната во која биле припремани оброците на кралското семејство на Маите, пред повеќе од илјада години на полуостровот Јукатан, објавил Националниот институт за археологија и историја. Кујната била откриена во археолошката зона Кабаха.
Староста на откриените предмети одговара на оние од 750 до 950 година од новата ера, кога цивилизацијата била во својот најголем подем. Кујната била со големина од 40 на 14 метри. Откриени биле повеќе од 30 илјади парчиња керамика и 70 парчиња прибор за сечење и припремање на месо направени од камен.