Историчарите се уверени дека на југот на Унгарија пронајдоа остатоци од гробницата на турскиот султан Сулејман Величенствениот, наречен уште и Законодавец, кој умре во 1566 година во битката кај Сигетвар. Историчарот Норберт Пап изјави дека гробницата најверојатно се наоѓала на ридот каде за време на унгарската опсада на тврдината Сигетвар бил поставен шаторот на Сулејман.
Пап вели дека сите предмети пронајдени при ископувањето, како и други историски докази, упатуваат на тоа дека гробницата е на Сулејман. Додава дека сепак е потребно да се продолжи со истражувањето. Во 1963 година по наредба на еден австриски војник на местото е изградена католичка црква. Откривањето на остатокот од надгробниот споменик е обелоденето во 2014 година. Историчарите веруваат дека во гробницата се закопани срцето и внатрешните органи на Сулејман, и дека неговото тело е одведено во Консантинопол, Цариград, денешен Истанбул.