Се проверува и дали меѓу 44. уапсени има Македонци, со оглед на фактот дека групата оперирала на Балканот. Акцијата за апсење на главните осомничени за оваа измамничка мрежа ја воделе романски експерти од одделот за компјутерски криминал во соработка со специјализираната единица за ваков вид криминал на Европол.
Групата поставила уреди за скенирање и за копирање податоци во терминали за кредитни картички познати како ПОС-терминали, а кои биле лоцирани во најголемите трговски центри во повеќе градови во Европа. Тие имале и своја интернет-страница, каде што ги мамеле жртвите и им ги извлекувале податоците од сметките.
Во акцијата за апсење на осомничените криминалци учествувале над 400 полицајци.
Во принцип, шемата по која оперирала групата била преку софистицирани методи да украдат податоци за дебитни и кредитни картички, како и ПИН-кодови. Поставувале апарати за копирање податоци и вируси во ПОС-терминалите од каде што потоа влечеле информации.
Големата акција за нивно апсење ја координирале експерти од Европол, а биле инволвирани истражни органи од дури 20 земји.
извор: Дневник