Можете ли да замислите дека ќе ослабите без вежбање? Се чини невозможно, но спрема најновите истражувања, сепак е остварливо.


Научници откриле таблета која помага во намалување на крвниот притисок, а која истовремено може да помогне и во губењето на килограми. Експериментите покажале дека таблетата ACE inhibitori која го забрзува метаболизмот, со што автоматски се топи вишокот, од што произлегува губрње на килограми.


Сигурно овие таблети ќе предизвикаат голем интерес бидејќи тежнеењете за што по витко тело во последните години е во голем тренд. Користење на таблети кое би помогнало за слабеење без диети и потење, навистина звучи како револуционерно откритие.

Меѓутоа таблетите сеуште не се тестирани на луѓе, па не се знае дали постојат некои евентуални последици. Научниците експериментите ги правеле на глувци, при што се докажало дека со нивно користење се намалува опасноста од дијабетис.