Албанските власти во пристаништето Драч открија 300 килограми марихуана во камион со македонски регистарски ознаки и притоа е притворен возачот на камионот Панде.М., јавува „Макфакс“.

Камионот, со скопски таблички, превезувал конзерви за Италија. Во Албанија влегол преку Граничниот премин Ќафасан, по што се упатил кон Драч.

Засега нема информации дали дрогата била внесена од Македонија или дополнително била натоварена во камионот по влегувањето во Албанија.

OhridNews
извор:„Макфакс“