Огромна планета, осум пати поголема од Јупитер, најголемата планета во нашиот соларен систем, била откриена ове денови, а тимот астронаути на овој џин му дал име “MOA-2011-BLG-322”. Се наоѓа на околу 25 илјади светлосни години од Земјата. Новооткриената планета е дури 2500 пати поголема од нашата планета, има маса како третина од нашето сонце, а ја открил меѓународен тим астронаути.

Планетата е откриена со техника која се заснова на теоријата на Ајнштајн за релативност, относно со тврдењето дека она што го забележуваме како сила на гравитацијата всушност настанува под влијание на искривеноста на просторот и времето. Непостојаната светлина на “MOA-2011-BLG-322” ја забележале астрономи во Јапонија, Нов Зеланд, Полска и Израел, а нејзината оддалеченост од најблиското сонце би можело да даде нови увиди во настанувањето на планетите.